Охридскиот чинар прогласен за природна реткост

Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоциран во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“, инаку дел од долгата историја на градот, но и препознатлив дел од неговата туристичка понуда е прогласено за природна реткост.Називот на природната реткост е „Чинар – Охрид“.

Решението доаѓа по претходно изработениот елаборат за валоризација, санација и ревитализација на чинарот (Platanus orientalis) на плоштадот „Чинар“ од страна на Општина Охрид и Одлуката на Советот на општина Охрид за  потребата од прогласување на стариот чинар за природна реткост.

Општина Охрид, односно Одделението за заштита и влијание врз животната средина има доставено комплетна документација до Министерството за животна средина и просторно планирање со барање за правна заштита, согласно Законот за заштита на природата, на уште шест чинари (Platanus orientalis) и еден кочеџик (Celtis Australis), кои се наоѓаат на територијата на општина Охрид.

Очекуваме Министерството за животна средина во најкраток рок позитивно да се произнесе и по однос на ова барање.