fbpx

Охридската куќа, филигранот и храната, адути за туристичка промоција на Охрид

-

Факултетот за туризам и угостистителство во Охрид и секторот за туризам и локален економски развој при Општината ја организираа финалната презентација на проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“, чија цел е вклучувањето на младите во туристичката промоција на охридските традиционални вредности, јавуваат дописникот на „Мета“ од Охрид.

Охридскиот бисер, накитот од филигран, сувенирите, како и традиционалната храна ќе бидат основните адути за промоција на градот пред туристите, од кои младите ќе можат и да остваруваат приходи, беше речено на промоцијата.

– Потребен е еден штанд на кој што ќе има спакувани производи како мармалад, вино, ајвар, пинџур, коишто понатака туристите ќе ги однесат до своите домови и тоа е онаа приказна, кога ќе ги викнат своите пријатели и заедно ќе го поделат тој оброк – вели Ангела Крстаноска-Василеска, професорка на Факулетот за туризам и угостителство во Охрид.

На промоцијата беше истакнато дека изработките од дрво на охридската куќа и плашицата спаѓаат меѓу најбараните сувенири кои туристите ги купуваат за спомен од нивниот престој во Охрид.

– Туристите ги бараат бидејќи се уникатни и рачно изработени. Тие се интересираат особено за охридската куќа – вели Соња Трифуноска, изработувач на дрвени сувенири.

Раководителот на секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов, истакна дека во рамките на проектот, кој е финансиран од Министерството за култура, Општината организирала три едукативни работилници во кои учестувале млади лица.

– Притоа се одржаа работилници за обука за изработка на накит од бисер и од филигран, потоа добро пакување на традиционална храна и подготовка и презентација на електронски брошури. Младите се учеа како на иновативен и трендовски начини да ја пакуваат традиционалната храна и пијалаците, како и модерни начини за нивна маркетиншка промоција преку електронски брошури – изјави Апостолов.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...