fbpx

Охрид утре ќе го добие петтиот почесен конзулат

-

Од утре напладне, Охрид ќе го има петтиот, по ред, почесен конзулат, со што ќе му се доближи на првиот конзулски град во земјава – Битола.

Овојпат, ќе биде отворен конзулат на Република Унгарија, додека инаугурацијата на почесниот конзул на оваа земја во Охрид, Марјан Бојаџиев, ќе ја изврши државниот министер за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи на Унгарија, Иштван Иѓарто.

Досега во Охрид почесни конзулати отворија Република Турција, Република Полска, Република Словенија и од минатото лето – Руската Федерација.

Република Турција го отвори првиот почесен конзулат во Охрид, во март 2010 година, кога, за таа пригода, во официјална посета на земјата допатува тогашниот шеф на турската дипломатија, Ахмет Давутоглу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...