fbpx

Охрид – Свети Наум: Проект за реконструкција, а не за проширување на стариот пат

Постојниот пат Охрид - Пештани е еден од најфреквентните делници во нашата земја. Според податоците на ЈП „Македонија пат“ за фреквенцијата на возила, просечниот годишен дневен сообраќај меѓу Охрид и Пештани во 2017 година изнесувал 8.914 возила

-

Наместо да се гради нов експресен пат, државата се одлучи да се пренасочи кон реконструкција на постојниот пат Охрид – Свети Наум. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета“ велат дека до крајот на 2019 година ќе се избере најповолен понудувач за изработка на проектна документација за реконструкција на постојниот пат Охрид – Свети Наум.

– По комплетирање на проектот за реконструкција, ќе се предвидат средства за изведба – нагласуваат од ЈП за државни патишта.

Актуелната влада се откажа од идејата за изградба на нов експресен пат Охрид-Пештани на планината Галичица, откако УНЕСКО жестоко го критикуваше проектот да се гради делница долга 14,5 километри низ самиот национален парк. Властите минатата година извршија реконструкција на коловозот на постојниот пат од Охрид до Свети Стефан, но останатиот дел од патот кон Албанија не е обновен.

Особено критична е состојбата на делови од патот кај Лагадин, Елшани и Пештани, каде ширината на лентите од коловозот е 2,5 метри. Огромната фреквенција на возила во летните месеци создава преоптеретеност на патот, што доведува до застој во сообраќајот. Автобусите тешко се разминуваат, несовесни возачи ги паркираат возилата крај самиот пат, а дополнителен проблем е и оштетениот коловоз.

Постојниот пат Охрид – Пештани е еден од најфреквентните делници во нашата земја. Според податоците на ЈП „Македонија пат“ за фреквенцијата на возила, просечниот годишен дневен сообраќај меѓу Охрид и Пештани во 2017 година изнесувал 8.914 возила, додека меѓу Пештани и Свети Наум протокот на возила е драстично помал односно имало по 1.192 возила дневно во 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...