fbpx

Охрид СОС: Од градењето во зоната Мауцкер ќе профитираат малкумина, на штета на цел град

-

Активистите од граѓанската иницијатива Охрид СОС апелираат дека земјиштето на локалитетот Мауцкер кое е пренаменета за индустриска зона треба да се заштити, односно да не се дозволи урбанизација на една од ретките зелени површини во градот.

„Локацијата на Мауцкер која е пренаменета за индустриска зона се наоѓа во непосредна близина на два археолошки локалитети, еден на магистралниот пат Охрид – Скопје а другиот на ридот над патот. Ако со години беше дива депонија толерирана од комуналните претпријатија и општината, давајќи грда слика на влезот во градот, сега овој простор кој го користеше армијата и беше релативно нечепнат децении претходно, ќе се трансформира во потенцијален загадувач“, објавија Охрид СОС на нивниот Фејсбук профил.

Активистите додаваат дека Општина Охрид требаше да го поднесе овој Урбанистички план до Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Тие упатија отворено прашање: „Дали Урбанистичкиот план вон населено место за индустриска зона Мауцкер Општина Охрид го усогласи со Планот за управување согласно обврските кон УНЕСКО и кој исто така треба да биде одобрен од Комисијата?“.

Од Охрид СОС потенцираат и дека пред неколку месеци до Државната комисија за спречување корупција доставиле претставка со која иницирале отворање случај за утврдување на одговорност за судир на интереси од страна на избрано лице и вршител на функција – Нефи Усеини, што резултирало во стекнување на право на сопственост врз државно земјиште, дел од УПВНМ за Индустриска зона Мауцкер во КО Долно Лакочереј – вон град, Општина Охрид (2015), како и службените лица на Општина Охрид кои тоа го допуштиле и овозможиле, но и покрај неколкуте потсетувања до комисијата, до денес не добиле информација дали е постапено по оваа претставка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...