Охрид еден од градовите со најслаба реализација на вакцинацијата против ХПВ вирусот

-

Штетата што веќе една деценија ја нанесува негативната кампања против ХПВ вакцината, а која е заснована на паушални и нецелосни информации, може да се поправи, сметаат од Центарот за јавно здравје – Охрид. Потребно е време за младите мајки да се едуцираат за бенефитите кои ги носи оваа вакцина.

Задолжителната вакцинација против хуман папилома вирусот (ХПВ) продолжува со слабо темпо. Општина Охрид останува, заедно со Скопје, еден од градовите каде вакцинацијата против ХПВ вирусот најслабо се спроведува. И покрај тоа што стручните лица речиси една деценија ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и нејзиниот позитивен ефект во спречување на ракот на грлото на матката, во Охрид и Дебрца поразителна е големата бројка на родители кои одбиваат нивните девојчиња да ја примат ХПВ вакцината. Во нашата земја оваа вакцина е задолжителна од крајот на 2009 година.

– Охрид сè уште бележи низок процент на вакцинирање против ХПВ вакцина која се дава на 12 годишна возраст, која мора да ја примаат девојчињата. Без разлика што многу од родителите се казнети, сепак е многу слаб одзивот. Од секогаш Охрид после Скопје е еден од градовите каде вакцинацијата е најниска против ХПВ – од Центарот за јавно здравје во Охрид.

Уште на самиот старт, кога оваа вакцина влезе во календарот за задолжителна имунизација, матичните лекари и гинеколози водеа негативна кампања против ХПВ вакцината, заснована на паушални и нецелосни информации обично земени од интернет, вели докторката Јованка Стурлакова Коровешоска. Ситуацијата ќе се подобри, но потребно е време за едукација на младите мајки за бенефитите кои ги носи оваа вакцина, додава таа.

– Од почетокот, дел од повозрасните гинеколози беа против вакцината – тие коиште требаа да ја промовираат ефикасноста на вакцината заради спречување на карциномот на матката – објаснува докторката Коровешоска.

Во 42 земји од светот досега оваа вакцина ја примиле 50 милиони млади девојки на различна возраст. ХПВ инфекциите се најчесто сексуално преносливи, резултираат со неколку заболувања, меѓу кои е и ракот на грлото на матката.

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...