Огромен астероид вчера безбедно помина покрај Земјата

фото: AlexAntropov86 на Pixabay

Големиот астероид широк еден километар познат под името 7482 (1994 PC1) вчера во 22:51 часот по наше време помина покрај Земјата на растојание што е измерено како најблиско досега.

Како што пишуваат EarthSky, астероидот прелетал на растојание од 1,93 милион километри од Земјата, што се смета за безбедно. Ова растојание се проценува како најкратко меѓу астероид од ваков тип и планетата и нема да се повтори во следните 200 години. Се проценува дека астериод од ваков тип би можел да удри во Земјата еднаш во 600 000 години.

Астероидот именуван како „Потенцијално опасен“ 7482 1994 PC1 бил откриен во 1994 година од страна на астрономот Робер МекНаут во опсерваторија во Австралија. Тој патува со брзина од 19,56 километри во секунда и со помош на ваквиот податок и неговата впечатлива големина неговото двежење вчера било забележано од многу астронаути.

Ова видео е објавено од Стивен Белавиа и го бележи минувањето на астероидот преку фотографии направени за време на движењето во видео од 10 секунди.

НАСА претходно ја објави веста за поминувањето на „Потенцијално опасниот“ астероид на Твитер профилот „NASA Asteroid Watch“. Сите споделени информации беа со прецизна точност.