fbpx

Ограничување на средствата од донации за партиите, предлагаат граѓанските здруженија

-

Граѓанските здруженија реагираат во врска со неодамнешното донесување на измените и дополнувањата на Законот за финансирање на политички партии.

Од таму велат дека „усогласувањето на законските решенија било направено на нетранспарентен начин и иако се наведува дека законското решение црпи легитимитет од препораките на граѓанското општество дадени во документот „Блупринт – Предлог за итни демократски реформи“,  тие препораки се само селективно и делумно употребени во законот.“

„Сумарно овие законски решенија само ги зголемуваат финансиските средства за партиите кои ги обезбедуваат граѓаните, како и начините на кои партиите можат да обезбедат повеќе приходи. Тие не ги спречуваат злоупотребите, туку само индиректно ги намалуваат ризиците од злоупотреби, што може, но не мора, да ги реши проблемите. Со неукинување и неограничување на поединечните донации само се намалува прагот на донирање, но вкупниот износ никако не се ограничува. И во претходниот период, според финансиските извештаи на партиите, индивидуалните донации не биле повисоки од прагот кој сега се воведува. Партиите ќе може да изнајмуваат земјоделско земјиште, но истовремено, не е подобрена проверката на потеклото на донациите“, се додава во соопштението.

Од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје, Центарот за економски анализи, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фондацијата Отворено општество – Македонија, „Еуротинк“, Здружението на новинари на Македонија, Институтот за европска политика Скопје, порачуваат ограничување на вкупниот износ на средства што може да се добијат од поединечни донации.

„Треба да се воведе подобрен механизам за задолжителна проверка на потеклото на средствата за секоја донација. Да се прецизира дека под земјиште како недвижен имот со кој располагаат партиите се однесува на она на кое се наоѓаат партиските објекти. Треба и задолжителна обврска на сите предлагачи на закон во сите фази вклучително и поднесување на амандмани“, се вели во препораките од здруженијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...