fbpx

Одложено судењето за „Транспортер“, предметот бил во Апелација поради жалба

-

Судењето за случајот на СЈО „Транспортер“, во кој, првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески се одложува поради жалба, бидејќи предметот не е во Кривичниот суд.

Судијката Добрила Кацарска, која го презеде предметот од Лидија Петровска, рече дека поради жалба нејзината колешка Петровска го дала предметот во Апелација и дека се уште не е вратен. Таа рече дека не знае за каква жалба станува збор, за што и од кого е поднесена.

На денешното рочиште, Кацарска го констатираше само присуството на обвинетите, нивните адвокати и претставниците на СЈО, а наредното рочиште го закажа за 31 јануари откако адвокатите на одбраната побараа попрецизно да се одреди следниот термин за обвинетите да не трошат пари за транспорт од Битола до Скопје.

Кацарска рече дека, забележала дека во врска со предметот постојано пристигнуваат нови листи на докази и поднесоци и им порача на странките во постапката дека, од овој момент нема да прифаќа нови докази и дека, Законот за кривична постапка е јасен кога листата може да биде дополнета, односно откако сите предложени докази ќе бидат исцрпени за време на главната расправа.

Адвокатот Димитар Дангов побара судијката да ги внесе во записник членовите на судечкиот совет по што Кацарска појасни дека на денешното рочиште не е присутен третиот поротник кој во меѓувреме била разрешена, а до сега од судот нема информација за нејзина замена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...