Конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ се одложува за подоцна оваа година, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

„Поради новонастанатата ситуација со пандемијата и мерките кои се преземаат во нашата земја, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги известува сите новинари дека конкурсот се одложува на неодредено, односно до завршување на пандемијата и прекин на рестриктивните мерки со цел нејзино сузбивање. Бидејќи првичниот рок за аплицирање беше 1 април, а на нашата електронска пошта веќе стигнаа повеќе пријави, ги известуваме сите кои веќе се пријавија дека нивната апликација е важечка и ќе биде земена предвид при повторното отварање на конкурсот,“ се вели во соопштението на ССНМ.