Одложен Интернационалниот турнир во „Дота 2“

Тимот на „Дота 2“ објави на нивниот блог дека овогодинешниот турнир е одложен поради пандемијата на Covid-19. Овој турнир требаше да се одржи во Стокхолм, Шведска од 18 до 23 август. Од организаторите на овој настан исто така соопштија дека најверојатно турнирот ќе се одржи во 2021 година.

Овој турнир кој што се одржува на годишно ниво од 2011 во минатата година го урна својот претходен рекорд за награден фонд во е-спорт турнири на глобално ниво, со сума од 34.300.068 долари од кои што 45.5% односно 15.620.181 долари беа резервирани за првопласираната екипа OG.

Нашата држава има искуство на овој турнир преку Мартин “Saksa” Саздов, кој во 2016 заедно со неговата екипа Digital Chaos беше второпласиран.