fbpx

#Одговорност е канализациска мрежа, а не септичка јама

-

Пребарувањето по интернет со зборовите „без канализација“ и слични формулации дава поразителни резултати: освен за значителен број села и помали места во Македонија, фекалната канализација во втората деценија на 21 век е фантазија и за делови од градското јадро на Скопје!

Според публикацијата на Државниот завод за статистика, „Статистика на животна средина, 2015 во која се користени податоци од пописот во 2002 година, во тоа време на јавна канализација биле приклучени 60 отсто од домаќинствата, а другите биле со септички јами, со слободен истек (односно истек во водотеци) и без инсталации, односно со нужници биле 7,4 отсто од домаќинствата.

Оттогаш (2002 година), работите несомнено се напреднати, но, сепак, реалноста е таква што не само во голем број села (кои не се многу оддалечени од градовите), туку и во некои населби во Скопје, домаќинствата сè уште користат септички јами. Таков е случајот со делот на Топана под касарната Илинден, не многу далеку од скопски Центар, каде нема фекална канализација. Истите маки ги имаат и жителите во Трпејца, бисерот на Охридското Езеро, како и во Љубаништа, каде што, иако, уште во 2014 година почнале да се преземаат одредени чекори во оваа насока, сепак, досега (октовмри 2016 година) не е решен проблемот со фекалната канализација. Речиси идентична ситуација се забележува и во Стар Дојран и во Нов Дојран, каде половина од домаќинствата проблемот со одвдот го решиле со септички јами.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...