fbpx

#Одговорност е Битола да не биде најзагаден град во Македонија

-

Почнува грејната сезона, а битолчани ги чекаат информациите за тоа каков воздух дишат и колку често се задушуваат во смог. Чадот, мирисот на изгорено, маглата, стануваат секојденевие. Граѓаните се жалат на тешкотии при дишењето, очите печат, грлото гребе… Има денови кога битолчани се изложени на висока концентрација на честички ПМ10, кои ја надинуваат дозволената концентрација во воздухот дури и до дваесет пати.

Годишните извештаи на Министерството за животна средина покажуваат дека Битола на годишно ниво, во просек има 100-150 дена со високо присуство на ПМ10-честички, а дозволени се надминувања на вредностите во само 35 дена од годината.

Години наназад повиците на граѓанскиот сектор и на опозицијата во градот се вперени кон Општина Битола.

Целата оваа слика ја вбројува Битола меѓу десете жешки еколошки точки во Македонија, но, за жал, и во Европа.

Еколошките здруженија бараат стратегија, конкретни решенија и чекори за горливиот проблем со загадувањето. Тие бараат одржлива сообраќајна политика, регулирање на јавниот превоз, изградба на пешачки зони и на велосипедски патеки, чистење на десетици диви депонии, решенија за греење во домаќинствата…

Затоа одговорност е да се постават енергетско-ефикасни фасади на објектите на институциите. Одговорност е да се промени начинот на затоплување на училиштата и наместо на мазут и на нафта, тие да се загреваат со пелети и со друг вид енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...