fbpx

Одбраната на Лазаров поднесе жалба за притворот, го обвинува судот за двојни аршини

-

Адвокатот Душко Јанковиќ, кој му е бранител на началникот во МВР за специјални операции, Душко Лазаров, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април, денеска пред судот изјави дека поднеле жалба на одлуката за притвор што вчера му ја одреди судот на барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција.

Јанковиќ рече дека не се задоволни од одлуката и дека во постапувањето на судот има двојни аршини.

– Сите лица се осомничени за истото дело, тероризам, меѓутоа и овојпат се виде дека при одлучување за мерките за обезбедување присуство судот има двојни аршини бидејќи на едни им е одредена мерка притвор, а на други куќен притвор иако се осомничени за истото дело – рече Јанковиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...