fbpx

Одборот на ОУ „11 Октомври“ изгласа одговорност за директорката Костадинова

-

Мнозинството членови на училишниот одбор на основното училиште „11 Октомври“, на денешната седница, изгласаа дека разрешената директорка, Даниела Костадинова, е одговорна за нехигиената во училиштето, за случајот со труењето на 104 ученици и за небезбедноста на учениците.

Овој заклучок училишниот одбор ќе го достави до градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, кој треба да одлучи за понатамошно постапување по овој случај.

На седницата беа присутни пет од вкупно девет членови и в.д. директорот на училиштето, Васко Лазаревски, кој нема право на глас во училишниот одбор.

Од петте членови, двајца беа претставници на Општина Центар, а тројца беа наставници од училиштето.

Седницата сè уште трае, но наставниците замолија новинарите да ја напуштат салата, за гласањето по другите точки да не биде јавно затоа што, како што рекоа, се плашат од понатамошни реперкусии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...