fbpx

Одбележувањето на националниот празник на Бугарија повторно тек-тук со руски знамиња

-

Одбележувањето на националниот празник на Бугарија – 3 Март и годинава минува тек-тук со понекое развеано руско знаме, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Десетици Бугари вееле знамиња на Русија на врвот Шипка, каде традиционално се одржува централната манифестација по повод ослободувањето на Бугарија.

Руски знамињња имаше и во центарот на Софија, само на неколку метри од официјалната церемонија пред Споменикот на Незнајниот воин, во која учествуваше бугарскиот претседател Румен Радев, а руски знамиња се вееја и на одбележувањето во Пловдив, нагласува mediapool.bg.

Бугарија денеска ја одбележува 145. годишнина од Ослободувањето. На 3 март 1878 година е потпишан Санстефанскиот договор со кој се завршува Руско турската војна 1877-1878, и со кој се формира Кнежевство Бугарија.

Церемонијата пред Споменикот на Незнајниот воин го одбележа почетокот на чествувањата. Во неа учествуваа парадни единици на националната гарда и Гардискиот репрезентативен дувачки оркерстар. Претседателот и врховен командант Румен Радев го прими рапортот од началникот на почесната караула и ги поздрави гардистите. Бугарското знаме беше кренато со нотите на бугарската химна и 20 артилериски плотуни, со што беше означен почетокот на официјалните одбележувања на националниот празник на Бугарија.

На одбележувањето на врвот Шипка, техничкиот премер Галаб Донев ги предводеше официјалните свечености пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова и службеници од амбасадата, како и од Рускиот културно информативен центар во Софија положија цвеќе на споменикот на Цар Александар Втори, во чие владеење со Русија оваа земја го извојува ослободувањето на Бугарија од Турците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...