fbpx

Одбележани 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија

-

Денеска се одбележаа 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија во Тетово. Настанот се одржа во организација на Општинската организација на Сојузот на Борци од Тетово во соработка со Национална Установа „Музеј на тетовскиот крај”, во спомен куќата на семејството Јовановци, која е денешен Меморијален музеј на ЦК на КПМ.

На него присуствуваа и претседателот на Сојузот на борци од Народноослободителна антифашистичка војна на Македонија 1941-1945, Никола Стојановски, кој неодамна го прослави својот 100 роденден, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски положи цвеќе пред бистата на Јосип Броз Тито во дворното место на спомен куќата на семејството Јовановци и ја посети спомен собата каде е формирана Комунистичката партија на Македонија и избран нејзиниот Централен комитет. Тој го истакна значењето на историската куќа на семејството Јовановци која и по 80 години ја чува историјата на големите одлуки кои беа донесени на 19 март 1943 Година.

„Овој светол датум претставува и непобитен доказ за самосвеста на македонскиот народ, за силната и непоколеблива волја, победничкиот морал и слободарски дух на припадниците на партизанското движење на Македонија, изразен со високата политичка свест на борците и на населението за постигнување на крајната цел – создавање македонска држава”, истакна министерот Спасовски.

Борецот Стојановски нагласи дека, иако пред осум децении бил речиси дете, се приклучил на партизанските одреди и се борел за создавање на своја држава.

„Благодарен сум што денеска сум тука со вас, да се потсетиме што било пред 80 години, кога ја створивме македонската држава. Да се потсетиме на борбата која ја водевме заедно, сите народности. Државата ни е тука – да се бориме да ја сочуваме”, рече претседателот Стојановски.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy paid course
download huawei firmware
Download WordPress Themes
lynda course free download