Одбележани 23 години од загинувањето на десетмината армиски припадници кај Карпалак

Заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен плочата на бранителите кај месноста Карпалак

-

Заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен плочата на бранителите кај месноста Карпалак.

„Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски ја платија највисоката цена и ги положија своите животи за својата татковина за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Во спомен на бранителите, во родниот град на македонските херои, Прилеп ќе биде оддадена почит и ќе бидат положени венци со свежо цвеќе пред комплексот Карпалак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оркестар го придружи немиот филм „Уцена“ на Хичкок во Кино Милениум

Вчеравечер во салата на Кино Милениум се одржа проекција на стар филм. Филмот беше толку стар, што доаѓа од времето пред да има звук во филмовите, кога движечките слики...