fbpx

Одбележана 20-годишнината од загинувањето на десетмината резервисти кај Карпалак

-

Владата ја одбележува 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година. Како што информираат оттаму, надворешниот соработник за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, со положување свежо цвеќе на споменикот во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, денеска им оддаде почит на загинатите бранители Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско.

„Во име на Владата, по повод две децении од загинувањето на десетмината армиски резервисти советникот Василевски вечерва положи цвеќе и на спомен обележјето во село Лениште по што владиниот претставник го посети манастирот „Св. Петка“, каде се одржа вечерна богослужба. Чествувањето на загинатите бранители ќе продолжи утре со положување цвеќе на споменикот во месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово и оддавање почит на загинатите бранители пред комплексот Карпалак во центарот на Прилеп“, стои во владиното соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...