fbpx

Одбележан 2 Април – меѓународниот ден на лицата со аутизам

-

Македонија денеска го одбележа 2 Април – меѓународниот ден за активизам и поддршка на лицата со аутизам. Настанот се оддржа во зоолошката градина во Скопје, во организација на здружението за третман на лица со аутизам „Во мојот свет“, а покровител беше Маја Иванова, сопруга на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Иванова, како што пренесува „24 Вести“ нагласила дека за поефикасно справување со аутизмот потребно е фокусирање на раната дијагностика и превенција, повеќе дневни центри низ државата за децата со аутизам и пред се отварање на дијагностички центар и оформување на регистар на лица со вакво нарушување во земјава.

Претседателот на здружението на дефектолози на Македонија, Горан Петрушев смета дека од клучно значење е отварањето на дијагностички центар за аутизам.

– Во моментов сите здруженија работат на лобирање за отварање на центар за аутизам, во кoј би се вршела дијагностика и третман на лицата со аутизам. На овој план работите се движат напред бидејќи сите чинители се заинтересирани и се надевам дека оваа или следната година тој центар ќе се отвори – вели Петрушев.

И оваа година по повод меѓународниот ден на лицата со аутизам, здружението „Во мојот свет“ ќе се вклучи во светската кампања насловена „Да осветлиме во сино“.

Во 19 часот во сина боја покрај претседателкиот кабинет, ќе бидат осветлени и Археолошкиот музеј и зградата на министерството за надворешни работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...