fbpx

Од вкупно 1,8 милиони тони згура на црниот рид на велешка Топилница, само стотина тони заминале за Малезија

-

Само стотина тони, како пробни количини суровина, од црниот рид згура од велешката Топилница се транспортирани во Малезија. Компанијата „Кепс монт груп“ сè уште не започнала со редовен транспорт на остатоците во јаловиштето, а општинските власти во Велес немаат информации каде е застојот. Концесионерот во октомври минатата година ја доби Б-интегрираната еколошка дозвола, која беше последната препрека да започне транспортот на згурата. Тие тогаш најавија дека од декември ќе започнат со извлекување на минерална техногена суровина од троската со специјални камиони со кади покриени со церади.

Троската со тешки метали се проценува дека тежи околу 1,8 милиони тони, а црниот рид, последица од тридецениската работа на Топилницата е висок од 200 до 250 метри и длабок 22 метри. Според проценките на концесионерот „Кепс монт груп“, планираната редовна динамика за транспорт на техногената суровина е по два камиона на час или педесетина камиони во текот на 24 часа, со која ридот би го снемало за околку 48 месеци.

Компанијата има довола да работи во следните седум години, колку што трае Б- интегрираната дозвола. Во Општина Велес информираат дека во дозволата нема прецизни рокови кога концесионерот мора да започне со редовниот транспорт на суровината.

„Откако беше издадена дозволата во октомври лани, информирани сме само дека се земени пробни количини кои се испорачани во Малезија кај потенцијални клиенти. Се работи за стотина тони. Јасно е дека концесионерот има доволно време да работи, но ние немаме никаква повратна информација од компанијата зошто не е започнат транспортот како што се најави и кои се евентуалните пречки, иако претходно имавме редовна комуникација“, вели Билјана Шуркова-Манаскова, инспектор за животна средина во Општина Велес.

Одговори очекуваат и јавноста и велешките невладини организации. Игор Смилев, претседател на „Грин пауер“ вели дека околу Топилницата не се забележуваат активности, иако граѓаните очекуваат згурата што побрзо да замине од Велес.

„Навистина се надеваме дека транспортот што побрзо ќе започне и ќе заврши. Влијанието на црниот рид врз здравјето на велешани и врз почвата во целата велешка околина е катастрофално. Доколку побрзо се отстрани побрзо ќе започне и процесот на ремедијација на земјата кој ќе ќе трае уште цела година. На локацијата каде што е згурата ќе се извадат триесетина сантиметри земја, а ќе се донесе чиста почва – хумус и ќе се засади трева, маслодајна репка или други растенија кои се погодни да ги исчистат тешките метали од почвата“, вели Смилев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...