Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од 15 ноември до 15 март треба задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.

Согласно Правилникот, тоа подразбира зимски гуми со пропишана длабочина на шарите во зависност од возилото, синџири со адекватна големина на тркалата.

„Придржувањето кон законската обврска за поседување на зимска опрема овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата  во зимски услови. Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата,во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци“, додаваат од МВР.