Град Скопје соопштува дека од утре до недела ќе биде затворен за сообраќај кракот од улицата 23 Октомври (поранешна Владимир Комаров) до крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, односно на потегот кој минува под Транспортен центар.
На таа локација ќе се вршат работи за изведба на нова фекална канализација и реконструкција на водоводната мрежа.