Фото: Арбнора Мемети

Почнувајќи од утре, во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и општата болница во Кичево ќе се врши тестирање за ковид-19 со брзи антигенски тестови, соопшти Министерството за здравство. Оттаму информираат дека лаборантите од овие установи мината недела биле на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ државата, со цел за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот ковид 19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо теситарање е од Свестката здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тестира со ПЦР тест или антигенски – брз тест.

Изминатива недела во здравствените домови Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански, направени се 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.