Од Северна Кореја потврдија дека испратиле војници да се борат за Русија во војната во Украина

Објавата на Пјонгјанг доаѓа само неколку дена откако началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, ја пофали „херојството“ на севернокорејските војници, што е првпат Москва јавно да го признае нивното учество

-

Северна Кореја за првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Во извештај на државната новинска агенција КЦНА, севернокорејската војска тврди дека нејзините војници им помогнале на руските сили „целосно да ја ослободат“ граничната област Курск, според наредба дадена од лидерот Ким Џонг Ун, пренесува Би-Би-Си.

Објавата на Пјонгјанг доаѓа само неколку дена откако началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, ја пофали „херојството“ на севернокорејските војници, што е првпат Москва јавно да го признае нивното учество.

Западни официјални лица претходно изјавија за Би-Би-Си дека веруваат оти најмалку 1.000 од вкупно 11.000 испратени севернокорејски војници загинале за три месеци. Герасимов исто така тврди дека Москва повторно воспоставила целосна контрола врз западниот регион Курск — тврдење кое Украина го негира.

Како одговор на соопштението, САД изјавија дека Северна Кореја сега мора да ја преземе одговорноста за продолжувањето на војната. Јужнокорејските и западните разузнавачки служби одамна известуваат дека Пјонгјанг минатата година испратил илјадници војници во Курск. Одлуката за испраќање трупи е донесена согласно Договорот за заемна одбрана помеѓу Пјонгјанг и Москва, наведе КЦНА.

„Тие што се бореа за правдата се херои и претставници на честа на татковината,“ изјавил Ким според КЦНА.

Северна Кореја и Русија ја демонстрирале својата „алијанса и братство“ во Курск, додавајќи дека „пријателството потврдено со крв“ значително ќе придонесе за проширување на односите „во секоја насока“. Се додава дека Северна Кореја повторно ќе ја поддржи руската армија.

КЦНА не прецизираше што ќе се случи со севернокорејските војници по завршувањето на нивната мисија во Курск и дали ќе им биде дозволено да се вратат дома. Извештаи за присуство на севернокорејски војници на страната на Русија првпат се појавија во октомври, по продлабочувањето на билатералните врски меѓу Ким и Путин.

Ова вклучуваше потпишување на договор со кој двајцата лидери се обврзаа да се поддржуваат меѓусебно доколку некоја од државите се соочи со „агресија“. Воени експерти велат дека севернокорејските трупи, наводно дел од „елитната“ единица наречена Штурм Корпус, не се подготвени за реалностите на модерното војување.

„Тоа се едвај обучени трупи раководени од руски офицери кои тие не ги разбираат,“ изјави поранешниот британски тенковски командант, полковник Хамиш де Бретон-Гордон, претходно годинава.

И покрај тоа, врховниот украински командант, генерал Олександр Сирски, претходно предупреди дека севернокорејските војници претставуваат значителен проблем за украинските борци на фронтот.

„Тие се бројни. Дополнителни 11.000–12.000 високо мотивирани и добро подготвени војници кои спроведуваат офанзивни дејства. Делуваат според советска тактика. Се потпираат на бројноста,“ изјави генерал Сирски за украинската програма ТСН Тиждень.

ИзворБи-Би-Си

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“....