Од сабота, 14 декември 2019 година, прагот на алармирање на РМ10, се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период, информира со соопштение Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оттаму соопштуваат дека новиот, понизок праг на концентрации на штетните ПМ10 честички за алармирање на јавноста за загадување на воздухот е во согласност со новата Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри.