fbpx

Од руските гранатирања без струја се оставени 10 милиони граѓани на Украина

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 10 милиони граѓани на Украина се оставени без струја поради руските гранатирања на енергетската инфраструктура, при што најпогодени се регионите Кијив, Одеса, Виница и Суми, пренесува Гардијан. Поради недостатокот на струја, во бројни населени места не функционира и снабдувањето со вода за пиење.

Извештаите кои пристигнуваат од цела Украина говорат дека руската агресија вклучува од гаѓање на електропреносна мрежа што ја снабдува со струја нуклеарната електрана во Хмељницки до напади врз трафостаници, хидроелектрани, термоелектрани и опрема за вадење на гас во Харкивскиот регион.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои трета резолуција со која бара од Русија под итно да ги прекине сите активности и напади врз украинските нуклеарни електрани. МААЕ критикува за притисоците што ги врши Русија врз персоналот во нуклеарната електрана во Запорижја, како и прекините во снабдување со електрична енергија кон електраната. Воедно, МААЕ го осуди ракетирањето на електропреносната мрежа на нуклеарната електрана во Хмељницки на 15 ноември, кое предизвика исклучување од напојување со струја на електраната, по што енергетскиот капацитет морало да продолжи со работа на дизел генератори, јавува Укринформ.

Во вчерашното ракетирање на градот Вилњанск во регионот Запорижја загинаа најмалку девет цивили. Украинските власти велат дека руските ракети погодиле станбени згради, обвинувајќи ја Русија за терористички напад. Воедно, во градот Херсон загина најмалку еден цивил како последица на руското гранатирање, јавува Укринформ. Во Донецкиот регион најмалку еден цивил загина, а четворица се повредени во градот Бахмут, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...