fbpx

Од понеделник етапна исплата на паричната помош од социјална и детска заштита во банките

-

Корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита од од понеделник (4 мај) ќе можат да ги подигнат своите месечни средства. Од Министерството за труд и социјална политика известуваат дека исплатата на паричната помош во банките ќе се врши етапно, по дефиниран редослед по азбучен ред според почетната буква од презимето и тоа:

– 04.05.2020 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г + Д (прва буква на презиме)

– 05.05.2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (прва буква на презиме)

– 06.05.2020 (среда) исплата за  Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (прва буква на презиме)

– 07.05.2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (прва буква на презиме)

„Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права, во услови на опасност од вирусот КОВИД-19“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Корисниците кои користат платежни картички поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, сметано од 04.05.2020 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на корона вирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. При подигање на пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, задолжително е граѓаните да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата.

Од Македонската банкарска асоцијација велат дека се подготвени за исплата на паричната помош, замолувајќи ги притоа граѓаните да ги користат дебитните картички на кои ќе им бидат директно легнати средствата. Оние граѓани кои не поседуваат дебитни картички, треба да се придржуваат на утврдениот редослед на исплата на средствата, при што сите банки на овие корисници ќе им понудат и барање за изработка на дебитна картичка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...