Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар за литар од полноќ, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Цената на бензинот Еуросупер БС-98 ќе се намали за еден денар за литар.
Од полноќ малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 80 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство е 67,50 денари за литар. Од полноќ бензинот Еуросупер БС-98 на бензинските станици ќе изнесува 82 денари за литар. Цената на дизелот не се менува и тој ќе продолжи да се продава за 69 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,571 денари за килограм и со тоа цената на мазутот изнесува 39,604 денари килограм.