fbpx

Од полноќ литар дизел е за четири денари поскап од литар бензин

-

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) од синоќа, дизелот од полноќ се продава за 3 денари по литар поскапо отколку вчера и стана поскап од бензините.

Според вчерашната одлука на РКЕВУ, која веќе ги одредува највисоките цени на нафтените деривати на дневно ниво наместо на седмично, како што беше до пред некој ден, сега ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) чини 97 денари за литар. Комисијата тоа го правда со поскапувањето на дизелот на берзите.

Поскапеле и екстра-лесното масло за домаќинство, па сега тоа чини 92,5 денари за литар, односно 2,5 денари поскапо од вчера, а мазутот поскапува за 1,4 денари за килограм и сега ќе се продава за 60,56 денари за килограм.

Малопродажната цена на бензините останува иста: ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава за 93 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 чини 95 денари/литар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...