fbpx

Од полноќ бензините поскапуваат за половина до еден денар

-

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска се зголемува за половина денар за литар, додека цените на Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Од полноќ, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 88,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека екстра лесното масло ќе чини 86,5 денари за литар.

Цената на Еуродизел (Д-Е V) не се менува, односно дизел горивото и понатаму ќе се продава по цена од 90 денари за литар.

Од РКЕВУ соопштија дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,418 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...