fbpx

Од полноќ бензините поскапуваат за денар

-

Малопродажните цени на нафтените деривати во однос на Одлуката од 12 октомври поскапуваат во просек за 1,23 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм и сега ќе изнесува 43,010 ден/кг.

Од 19.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат 76,50 денари за литар еуросупер БС-95, 78,50 денари за литар еуросупер БС-98, 68,50 денари за литар еуродизел (Д-Е V), а литар екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 68 денари. Мазутот М-1 НС ќе чини 43,010 денари за килограм.

Во истиот период, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,164 отсто.
Од РКЕ напоменуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...