Извор на фотографија: Влада на РСМ (јули 2020)

На Граничниот премин Табановце во периодот од полноќ до 10 часот денеска влез/излез оствариле вкупно 3.234 лица, од кои на влез 1.095 лица, а на излез 2.139 лица, соопштија од МВР.

Освен граѓаните од Македонија, во Белград се вакцинираат и граѓани на Босна и Херцеговина, јавува српски „Блиц“.

Според пишувањата на овој медиум, на белградски Саем е огромна гужва, а странските државјани се запишувале во книгата на впечатоци, каде што ја пофалиле организацијата но и приемот од страна на лекарите.

Вакцинацијата освен во Белград се одвива и во Ниш каде што се вакцинираат бизнисмени од Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина.