fbpx

Од почетокот на септември до денеска МВР евидентирало 4.481 лице без заштитна маска (инфографик)

-

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, Министерството за внатрешни работи регистрирало 391 прекршок по однос на мерката за неносење лична заштита на лице.

Од почетокот на месецов досега евидентирани се вкупно 4.481 прекршоци по овој основ. Секојдневните бројки на новозаразени случаи со ковид-19 и натаму се троцифрени, а активни случаи има најмногу во Скопје.

Институтот за јавно здравје во последниот неделен извештај за периодот од 31 август до 6 септември регистрирал зголемување од 18,9 проценти на бројот на новозаболени лица во текот на оваа недела споредено со претходните седум дена од крајот на август.

„Мета.мк“ и претходно објави за бројот на направени прекршоци од страна на граѓаните во текот на летото, кога се регистрирани вкупно 43.928 прекршоци за неносење заштитна маска на лицето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...