fbpx

Од почетокот на годинава убиени се 66 новинари низ светот

-

Според извештајот на Меѓународната федерација на новинари, од почетокот на 2016 година убиени се 66 новинари на работна задача. Најмногу од нив настрадале во Авганистан (11), Мексико (8) и во Ирак (7). Во Сирија, Јемен, Пакистан, Индија и во Гватемала убиени се по пет новинари.

Во пресрет на 2 ноември, Меѓународниот ден за борба против неказнување на злосторствата врз новинарите и медиумските работници, Европската комисија упати повик да се запре со заплашувањата, притисоците и со насилствата врз новинарите низ целиот свет. Во официјално соопштение, Европската комисија нагласува дека слободата на медиумите и медиумскиот плурализам се од клучна важност за слободно и отворено општество и дека нападите врз новинарите се напади врз демократијата.

„Ги повикуваме сите медиумски фирми, професионалци и сите засегнати страни да ги здружат напорите за да се запре со злосторствата врз новинарите. Безбедноста на новинарите, блогерите и на медиумските работници е прашање од највисок приоритет“, стои во соопштението на Европската комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...