fbpx

Од ноќеска поскапуваат горивата

-

Од ноќеска на полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати, во просек за 1,22 отсто, информираше Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 се зголемуваат за еден денар по литар и од вечерва ќе изнесуваат 82,5 денари, односно 84,5 денари за литар.

За еден денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по цена од 78 денари за литар.

Дизел горивото ќе поскапи за половина денар, па од ноќеска литар Еуродизел ќе чини 78,5 денари за литар.

Се зголемува и цената на мазутот кој ќе се продава за 41,988 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...