fbpx

Од ноќеска поскапува бензинот Еуросупер БС-98

-

Одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,65 отсто во однос на претходната одлука, донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Од ноќеска на полноќ за половина денар ќе поскапат бензинот Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство. За 0,742 денари се зголемува и цената за килограм мазут.

Останатите горива ќе останат со непроменети цени.

Од вечерва на полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95     80,5 денари/литар

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98     83 денари/литар

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)     69 денари/литар

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)     68 денари/литар

Мазут М-1 НС      40,175 денари/килограм

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентите во октомври треба да ги продолжат стипендиите

Корисниците на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, од понеделник можат да ги достават...