fbpx

Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат од половина до еден и пол денари за литар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,56 отсто во однос на утврдените цени од 11 мај годинава, информираат од РКЕ.

Според Одлуката, од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 54,50 денари. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1 денар и литар ќе чини 57 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е повисока за 1,50 денари за литар и од полноќ дизелот ќе се продава по 47 денари, додека литар Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 35 денари. Мазутот М-1 НС поскапува за 1,329 денари за килограм и ќе чини 19,498 денари.

Од РКЕ соопштуваат дека минатата недела продолжи трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи. Бензините поскапеа во просек за околу 5,64 отсто, а кај дизелот зголемувањето беше во просек за околу 10,84 отсто. Цената на екстра лесното масло се зголеми просечно за околу 13,64 отсто, додека кај мазутот се регистрира зголемување во просек за околу 12,81 отсто.

Во истиот период, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,099 проценти, информираат од РКЕ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...