fbpx

Од ноќеска дизелот поскапува за 2 ипол денари за литар

-

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 ипол денари за литар и ќе изнесува 80,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Покрај дизелот, поскапување има и кај Екстра-лесното масло за домаќинство и тоа за три денари, па од вечерва ќе се продава по цена од 78,5 денари за литар.

Истовремено, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на мазутот, не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе чини 76 денари за литар, додека цената на 98-ката останува 78,5 денари за литар.

Мазутот продолжува да се продава по цена од 39,37 денари за килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понисок за 0,282 отсто, објаснуваат од РКЕВУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...