fbpx

Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Најдоцна за 4 месеци, на граѓаните ќе им биде достапна Андроид апликација за паметни телефони, преку која ќе можат самите да ја надополнуваат картичката „Скопска“, да имаат увид во нивната сметка и да дознаат кои активирани билети можат да ги користат во автобусите

-

Во автобусите на ЈСП – Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие денови тече периодот на жалби од останатите понудувачи, по што и официјално ќе биде склучен договорот. Советот на град Скопје треба допрва да ја утврди цената на билетот за едно возење, по што претстојната есен хартиениот билет ќе може повторно да се купи во автобусите.

Оваа новина е само една од бројните поволности што од наесен ќе ги добијат корисниците на скопскиот јавен превоз. Најдоцна за 4 месеци, на граѓаните ќе им биде достапна Андроид апликација за паметни телефони, преку која ќе можат самите да ја надополнуваат картичката „Скопска“, да имаат увид во нивната сметка и да дознаат кои активирани билети можат да ги користат во автобусите. Идната апликација ќе нуди информации за времето на пристигнување на автобусите, шемата на линии и мапа со филтер за пребарување.

Од претстојната есен граѓаните ќе можат и преку Гугл мапата поедноставно да ги планираат рутите на движење со јавниот превоз. Во зависност од локацијата на патникот, на Гугл ќе може да се провери која е најблиската автобуска станица, кој автобус треба да се фати за посакуваното патување и слични податоци.

– Има повеќе поволности, кои сегашниот систем не ги поседува, а од пракса е утврдено дека се повеќе од потребни – велат за „Мета“ од ЈСП. Сите поволности што допрва ќе се воведат есенва ќе важат не само за автобусите на ЈСП, туку и за приватните превозници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...