Од МВР апелираат да се остави полицијата да си ги извршува задачите

-

МВР, за разлика од минатиот период, нема да дозволи да се употребува како алатка во служба на политичките партии за исполнување на некакви сценарија подготвени во партиските штабови, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека секој има право да протестира, но апелираат да се остави полицијата да си ги извршува своите задачи.

– На тој начин на дело ќе се покаже патриотизмот на кој многумина се повикуваат. Уште еднаш ја истакнуваме улогата на полицајците кои максимално професионално ја завршија својата задача во настаните во општина Бутел и ги уверуваме граѓаните дека на овој начин ќе се справуваме со предизвиците и во иднина – се додава во соопштението на МВР.

Долги редици пред салата „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучери за инвертери

Денес пред салата „Борис Трајковски“ се формираа долги редици луѓе кои чекаа да си ги подигнат своите ваучери за инвертери, откако им стигнале пораки дека истите ќе можат да...