fbpx

Од куќа во Мородвис, крадец однел плен вреден повеќе од два милиони денари

-

Непознат сторител, меѓу средата и четвртокот оваа недела, провалил во куќа во кочанското село Мородвис и украл денари, девизи и француски монети, во вкупна вредност од 2,2 милиони денари или околу 37.000 евра.

Според полициските информации, крадецот во куќата, сопственост на Н.С.(74), влегол откако насилно отворил еден од прозорците, а одзел 400.000 денари, 28.000 швајцарски франци, околу 1.000 евра и 73 француски монети.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...