Фото: Арбнора Мемети

Во ковид центрите во сите болници низ земјава, вклучувајќи го и Скопје, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои во последното деноноќие се лекуваат на инфективните оддели изнесува 598 и има околу 650 слободни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Според дневните извештаи до Министерството кои, според нив, се менуваат постојано зависно од исписите и приемите на болните, во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 314 пациенти, а само во Скопје нивниот број изнесува 284.

Според извештаите, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти, во Штип 27, на инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 54 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има 35, во Прилеп 35 исто толку, во Гостивар 19, а во Струга се лекуваат 11 болни. Во болницата во Струмица лежат 26 пациенти, во Кочани 1, во Кичево 13, во Кавадарци 20, во Гевгелија има 6 лица, а во Дебар 11 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а се чекуваат вкупно 284 лица сомнителни и потврдени на ковид-19. На интерните клиники имало 6 приеми. 

Во текот на вчерашниот ден во ГОБ „8 Септември“ имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 5, додека дома се пуштени вкупно 28 оздравени пациенти. 

Моментно на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 заболени. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

„Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 136 слободни места,  се очекува во тек на денот, по исписите на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места“, информираат од Министерството за здравство.