Фото: Министерство за здравство

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.663 и има околу 380 слободни болнички кревети, соопштија од Министерството за здравство, според податоците добиени во изминатите 24 часа, од каде напоменуваат дека бројките се менуваат од час во час, зависно од исписите на болните.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува 961 пациент. Во Битола се хоспитализирани 151, во Штип 91, на инфективното одделение во Тетово има 40 болни, во Велес се лекуваат 90, а во Куманово 94 лица. Во ковид центарот во Охрид се 100 пациенти, во Прилеп 116, во Гостивар 44, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 90, во Кочани 27, во Кичево 25, во Кавадарци 55, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се примени на лекување 48 нови пациенти поради компликации од ковид-19, а вкупно 702 лица се лекуваат на инфективните оддели. На Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ГОБ „8 Септември3 имало 8 нови пациенти, а еден бил примен на Инфективната клиника. Во Козле исто така има еден нов болен, 2 пациента се примени на Клиниката за Детски болести, а 6 на Институтот за физикална медицина.

Во последните 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 294 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 141 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти. Во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациента, на Клиниката за детски болести лежат 12 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има 2 пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација се лекуваат 65 болни.

Утрово до 8 часот имало 95 слободни места, информира Министерството за здравство.