fbpx

Од голем снежен нанос, блокирано Гургурница, село со повеќе од 2.500 жители

-

Патниот правец до селото Гургунуца, кое припаѓа под Општина Брвеница, од вчера попладне е блокирано од голем снежен нанос. Жителите апелираат што поскоро да се исчисти снегот од патот, затоа што во селото живеат болни лица и деца, на кои им се потребни храна и лекови.

– Во селото има 400 семејства. Денеска сакаа да одат 30 семејства во Германија, кои во својот роден крај дојдоа дома, во Гургурница, за време на новогодишните празници. Дојдоа од Општина Брвеница да чистат, ама џабе, со мали багерчиња тоа не може да се чисти, мора поголема механизација да се испрати – изјави Ќамил Ферати, жител на село Гургурница,

Градоначалникот на Општина Брвеница, Енвер Пајазити, вели дека снежните наноси честопати поради силниот ветер се спуштаат од планината Сува Гора на патниот правец.

– Двапати го чистиме патот, но и вчера попладне овој пат, кој води кон Гургурница, беше затрупан повторно со снег – вели Пајазити. Тој додаде дека нивни екипи постојано работат на расчистување на патот и денеска на терен, како што рече, била пратена механизација.

Селото Гургурница се наоѓа на планината Сува Гора, на надморска височина од 1.250 метри. Таму живеат повеќе од 2.500 жители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....