fbpx

Од фотографијата на Ѓилас во Скопје, „Пинк“ направи политичка ујдурма

-

Во напис на својата информативна веб-страница, српската телевизија „Пинк“ пишувајќи за посетата на претседателот на српската партија Сојуз за Србија, Драган Ѓилас премина од информирање во коментирање и на пласирање претпоставки.

Под насловот „Еве со кого лидерот на СЗС се сретна во Македонија: Ѓилас во прегратките на Заев, Обрадовиќ, Башановиќ и Шубара“ се наоѓа краткиот напис во кој советниците на македонскиот премиер Зоран Заев и самиот Ѓилас се ставени во контекст за кој медиумот нема потврда.

Имено, иако се вели дека „не е познато што била темата на состанокот“ на советниците на македонскиот премиер со Ѓилас, во текстот се претпоставува „дека се ковани планови за смена на власта во Србија“. И на тоа следува дообјаснување: „Веќе навикнавме се што работи Ѓилас да биде направено со намера да дојде на власт“, наведува телевизијата, притоа заборавајќи дека медиумите не треба да бидат инструмент на напади, туку да информираат, а кога веќе се прави коментар, тој да се пласира во посебен формат, за веднаш да е јасно дека е коментар, наместо вака  во графичка форма на вест.

И српскиот таблоид „Ало“ пишуваше на истата тема, во истиот стил како и „Пинк“  – претпоставувајќи што се случувало „во фотографијата“. Притоа „Ало“ користи многу потешки напади врз личностите на фотографијата, доаѓајќи до граница на вулгарност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...