fbpx

Од февруари во Австрија задолжителна вакцинација против ковид-19

-

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска соопшти дека од почетокот на февруари ќе се воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за возрасните лица, со закани од високи казни против антиваксерите, јавува Јуроњуз. Станува збор за прва европска земја во која што вакцинацијата станува задолжителна.

Планот за задолжителна вакцинација треба да биде усвоен од австрискиот парламент во четврток, иако дел од опозициските партии изјавија дека потребни се промени во предложеното законско решение.

Во Австрија во моментов 71,6 отсто од населението што брои 8,9 милиони лица досега се целосно вакцинирани против ковид-19, но помал дел од популацијата се противи на имунизацијата против корона вирусот.

Во првата фаза, властите секое домаќинство во Австрија ќе го известат за новите правила. Покрај помладите од 18 години, исклучок од задолжителната вакцинација ќе бидат бремените жени и лицата коишто од медицински причини не можат да бидат вакцинирани, како и лицата коишто прележале ковид-19 во последните шест месеци.

Веќе од средината на март, полициските службеници секојдневно ќе вршат рутински контроли на вакциналниот статус на граѓаните. Индивидуите кои нема да можат да прикажат доказ за вакцинација ќе им биде наложено да го направат тоа, а во спротивност ќе бидат казнети со 600 евра.

Доколку и со ваквите чекори не се постигне вакцинација кај целото население, властите повторно ќе испратат потсетување до граѓаните коишто останале невакцинирани. По ова, на адресите на овие индивидуи ќе бидат испратени покани за вакцинација против ковид-19, а оние што нема да се појават на вакциналните пунктови, тогаш ќе се соочат со казни од 3.600 евра.

Притоа, неодговорните индивидуи ќе има можност да бидат казнети и до четири пати годишно со по 3.600 евра поради одбивањето да се вакцинираат, а притоа нема да им биде дозволено паричната казна да ја заменат со затворска казна.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Лидерска средбата најавена за деновиве, партиите со однапред подготвени пораки

Најавената лидерска средба на која треба да учествуваат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски не е со закажан датум, но извесно е дека ќе се одржи деновиве. Сепак, политичките соперници...
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
download udemy paid course for free
download mobile firmware
Download WordPress Themes Free
free download udemy course