fbpx

Од денеска Северна Македонија претседава со ОБСЕ под слоганот „За луѓето се работи“

-

Министерството за надворешни работи (МНР) официјално соопшти дека почнувајќи од денеска, 01.01.2023 година па сè до крајот на годината, земјата е на чело на ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација во која учествуваат 57 држави од Северна Америка, Европа и Азија.

„Преку својот уникатен пристап ОБСЕ придонесува кон регионалниот мир, соработка и севкупен развој“, соопшти МНР.

Како што велат оттаму, слоганот на македонското претседавање ќе биде „За луѓето се работи“, а фокусот „ќе биде ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност“.

Од МНР додаваат дека приоритет ќе бидат теренските мисии.

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи | Фото: МНР

„Ќе преземеме и поддржиме конкретни активности со цел олеснување на животот на луѓето, унапредување на нивните права и слободи“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи додавајќи дека освен кризните региони, а пред сè, воената агресија врз Украина, приоритетите на Северна Македонија како претседавач ќе бидат реафирмацијата на придобивките на ОБСЕ и обновување на дијалогот и довербата, како и инвестирањето во мирот и отпорноста на ОБСЕ, како најдобар начин за справување со безбедносните предизвици.

Со тоа, како што додава Османи, Северна Македонија се афирмира како активен чинител во генерирање на стабилност во регионот. Според него, 2023 година ќе биде важна за меѓународната позиција на државата.

„Во услови на војна во регионот на ОБСЕ и сложени политички односи помеѓу земјите учеснички ќе се фокусираме на намалување на тензиите, обновување на довербата, просперитетот и севкупната безбедност на луѓето“, подвлече министерот и претседавач со ОБСЕ во 2023 година.

„Северна Македонија досега многу пати го покажала својот капацитет, дека преку политички дијалог, демократски средства и демократско владеење ги остварува своите цели како на домашен, така и на меѓународен план. Сега имаме можност со таа наша зрелост и знаење да бидеме клучен играч, да ги водиме и да придонесеме за меѓународните политики и процеси“, нагласи Османи.

Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ ќе трае во текот на целата 2023 година. Министерот Османи ќе ја презентира програмата на програмата на македонското претседавање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на 12 јануари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...