fbpx

Од денеска проверка на податоците во избирачкиот список со нова веб-апликација

-

Државната изборна комисија промовираше нова веб-апликација за граѓанска контрола на избирачкиот список, која е достапна на официјалната страница на комисијата.

Со новата веб-апликација граѓаните ќе можат на три начини да проверат дали се во избирачкиот список: преку единствен матичен број, преку име и презиме или преку адреса на живеење.

Избирачкиот список е активен од денеска од 14 часот, со податоци кои се ажурирани до први декември 2015 година.

– Со редовното ажурирање, податоците ќе бидат објавени веднаш откако тие ќе бидат обработени. Секој граѓанин има право да поднесе барање до ДИК да не му биде објавена адресата на живеење. Доколку некој не е запишан или смета дека треба дополнување или бришење на податоците, треба да поднесе барање до ДИК и да достави соодветна документација – рече Љупка Гугучевска, советник во ДИК.

Гугучевска рече дека ДИК ќе излезе со информации околу вкрстувањето на податоците за прочистување на избирачкиот список, откако ќе заврши процесот на вкрстување. Засега нема информација кога тоа ќе се случи.

Избирачкиот список повеќе од еден месец беше недостапен на страницата на ДИК.

Ова се случи откако се појави информација од Калина Зографска, компјутерски инженер, која на својот блог тврдеше дека со избирачкиот список е направен превид што го остава списокот 100 проценти отворен за преземање, заедно со сите лични податоци на сите граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...