Фото: Бојан Блажевски

Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска до сабота (25, 26 и 27 март) ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, поради официјалната посета на С. Македонија на командантот на Здружените сили на НАТО за Европа, адмирал Роберт Бурк.

Исто така, за утре 26 март, со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата на Република Северна Македонија.

Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13:30 часот до завршување на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“.

Од Секторот за внатрешни работи Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.